четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 147
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

ПАРОДИЈА: Заев доби награди за сите “исполнети“ ветувања (ВИДЕО)

ПАРОДИЈА: Заев доби награди за сите “исполнети“ ветувања (ВИДЕО)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денес организираше пародија по повод 1-ви април, денот на шегата.

Тие му доделија на премиерот Заев неколку награди за досега „спроведеното“.

Нивната прес-конференција, погледнете ја во продолжение

„Денеска сме тука на овој ден да му доделиме неколку награди на нашиот премиер и господин Зоран Заев.

Тој е навистина човек од збор и ги заслужи сите овие награди. Буквално влезе како ураган заедно со неговиот тим во сите области и ја сотре конкуренцијата, со што покажа дека е еден и единствен кој ги заслужува овие награди и дека никогаш никој нема да го достигне истото.

На господинот Заев му доделуваме диплома што го исполни ветувањето и не го донесе законот за двојазичност како што ветуваше. Голем успех е што се избори да не влезе неуставното решение за двојазични униформи како што се бараше во платформата потпишана во Тирана.

На господинот Заев му доделуваме диплома што ги врати сите 600 000 отселени млади, како и што го изгради студентскиот град. На честитките со свое писмо се приклучуваат и сестра и на Радмила и син му на Кочо Анѓушев кои велат: Драга Радмила, честитам за постигнатиот успех, супер сте што го донесовте животот, јас ќе се вратам за 4-5 години да дозавршам некои работи тука. Додека пак синот на Анѓушев вели: Тато, ти ветив дека ќе се вратам ако ја оправите државата. Еве барам карта за назад за 2026 година. Поздрав.

На господинот Заев му доделуваме диплома за шампиони во економскиот раст и просечна плата над 500 евра. Раст на БДП над 10% и изградени 300 километри автопат. Платата на докторите сега е 150.000 денари. На честитките ни се придружи и Вице Заев, кој благодарение на политиките на владата, семејното богатство на Заеви е зголемено најмалку 5 пати и изнесува 50 милиони евра за само една година.

Му доделуваме на господинот Заев диплома за шампион на Македонија во борба против корупцијата. Сега сме искачени 30 места и дојдовме рамо до рамо со финска, шведска и норвешка. На честитките се приклучуваат и функционерите на владата против кои се водеше истрага за корупција, кои велат: Драг Зоки, кој не работел со тебе, не знае колку е тешко. Ние те поддржуваме и разбираме во твојата борба. Само човек што не работел со тебе не знае како е кога тебе те молат да земеш мито, а ти не сакаш. Се надеваме дека ќе има можност и целата јавност да го види тоа како изгледа на телевизија. Поздрав другарче.

Кога човек е вреден, успехот и наградите сами си доаѓаат. Но сепак животот мораше да го донесе некој како Заев.

Ова доделување на наградите е мал симбол за вреднување на жртвата на Зоки за државата.

Се гледаме и наредна година, каде што очекуваме дека Зоки ќе собере уште повеќе награди.

Ви благодарам и пријатно!“- рекоа тие во пародијата.

Коронавирус