понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Парламентарното мнозинство на стаклени нозе, власта не може да обезбеди кворум во Собранието за ништо

Парламентарното мнозинство на стаклени нозе, власта не може да обезбеди кворум во Собранието за ништо

Иако СДСМ и Зоран Заев брзаа да одат на избори со изговор дека Македонија, среде економска и здравствена криза предизвикана од корона пандемијата, не смее да биде без функционални институции, меѓу кои и Собранието, како една од највиталните државни институции.  

Во периодот кога се договараше датумот за предвремените парламентарни избори, Заев бараше функционално Собрание затоа што во тој период македонските претеници беа распуштени, бидејќи предвремени избори требаше да се одржат во април месец минатата година, кои беа одложени поради пандемијата која го зафати светот. Но, шест месеци по одложените изборите кои се одржаа на 15 јули 2020, Македонија сеуште нема функционален законодавен дом, една од најважните институции во државата. 

Во Собранието има голем број на закони кои чекаат пратениците да се соберат, за да бидат изгласани.  

Парламентарното мнозинство, во моментот, не гледа причина за продолжување на незавршените пленарни седници се додека нема гаранција дека опозицијата ќе влезе во сала. Отсуството на опозиција во салата значи и недостиг на кворум, имајќи предвид дека еден од 62-те мнозински пратеници е заразен со корона вирус, а друг се уште е во изолација.   

За килавото мнозинство коешто во моменото го има власта виновен им е секој друг, само тие самите не. Имено, парламентарното мнозинство, сака кворумот за работа на Собранието да им го обезбеди опозиција, иако за ништо до сега не ја консултирала. Дури и амандманите кои ги поднесувала за законските решенија кои до сега поминале во Собрание, или пак за оние кои чекаат за гласање. 

Од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе продолжи да не влегува на пленарна седница, при што додаваат дека ова е последица на игнорирањето на владата на нивните забелешки и амандмани. 
Додека пак лидереот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека пратениците од неговата пратеничка група не се чувствуваат должни да создадат кворум кога на владата, а и не треба тоа да го прават. Тој додава дека ако власта сака Собранието нормално да функционира, тогаш ќе прифати формиреање широка Влада. 

„Ако сака да функционира нормално, рековме, проширената Влада да ги реши отворените теми за да можеме што побрзо да се насочиме кон Европската унија. Тој не го прифаќа ова. Што друго сакате? Во другиот дел, ќе влеземе каде сакаме и таму каде цениме. Ние немаме никаква обврска кон нив. И не мора да влегуваме и да станеме дел затоа што во спротивно со право ќе кажете „ги купија“, „ги исплашија“, изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците. 

Инаку, заразениот пратеник и тој во изолација не се очекува да се вратат на работа неколку недели, во зависност од препораките на лекарите. Ова значи дека мнозинството нема да има кворум за одреден период. Следната седница е закажана за 25 јануари, но не е познато како ќе се одвиваат случувањата до тогаш. Спикерот Џафери иницираше измена на Деловникот со кој пратениците во изолација можеа да гласаат преку интернет од дома. Но на овој негов предлог остро се спротивстави опозицијата.  

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија