четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

„Парите обезбедени од Светска банка за општините стојат и никој не ги користи, затоа што на СДСМ и ДУИ им пречи што најголемиот дел ги раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ“

„Парите обезбедени од Светска банка за општините стојат и никој не ги користи, затоа што на СДСМ и ДУИ им пречи што најголемиот дел ги раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ“

Факт е дека парите обезбедени од Светска банка стојат и не ги користи никој, затоа што на СДСМ и ДУИ им пречи тоа што најголем дел од општините ги раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ и нашите градоначалници да се презентираат како граданочалници кои што не работат и дека не реализираат капитални инвестиции. За среќа, разликаат на терен е апсолутно спротивна на тоа, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија.

Реплицирајќи му на пратениците од СДСМ и ДУИ кои гостуваа во емисијата, дека активната блокада на Собранието која ја прават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков ефект и дека тоа го прават посделната година-две, Петрушевски рече зошто тогаш секојдневно држат пресови а и премиерот ги повикува да учествуваат во работата на Парламентот?

„Не знам зошто му пречи на власта активниот бојкот и зошто секој ден држат пресови и премиерот секој ден не повикува нас пратениците од опозицијата да сме биле активни во Парламентот, а двајца преставници на власта ни велат дека тоа не било ништо ново, дека тоа го имало две години. Зошто молбите од ковачевски ако немаме ништо ново? Или да бидам по конкретен, зошто преставници на СДСМ по цел ден плачат по амбаси дека ВМРО-ДПМНЕ им ја блокирала работата на Собранието“, запраша Петрушевски.

Додаде дека реалноста е спротивна и дека ефектите од активната блокада се очигледни затоа што за цел месец нема да има друга седница освен 71-та, едниствено на 26 мај ќе има само пратенички прашања.

Петрушевски додаде дека, освен блокадата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство е толку некадарно и тенко што не можат да се соберат дури ни дневен ред на седница да изгласаат.

„Меѓутоа реалноста и тука е сосема различна, не можат два дена да усвојат дневен ред, не ради само нашата активна блокада, туку и затоа што не можат да се соберат затоа што се тенко мнозинство и немаат доволен број на пратеници. Па, наместо ако се закаже во единаесет часот седницата почнува во еден, во два часот, чекаме по два саати, три саати да се присоберат и пратениците на ДУИ и пратениците на СДСМ. До сега само една точка е на дневен ред, се отвори расправа, се јавивме сите пратеници и расправата прекина не е завршена, допрва треба да ја завршиме само за првата точка, имаме 46 точки само на таа седница, а претседателот Талат Џафери најави дека до 26 мај нема да има нова седница. Само на 26 мај ќе имаме деловнички она што е потребно, а тоа е пратенички прашања, повторно нема да се носат закони. И сега нека ми објаснат, како е исто и како нема ефект акривната блокада на ВМРО-ДПМНЕ кога цел месец ни еден закон не успеваат да стават на гласање“, истакна Петрушевски.

Коронавирус