сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Парите и бизнисот некому најбитни и во време на корона: СДСМ ги одбра банките, ВМРО-ДПМНЕ граѓаните

Парите и бизнисот некому најбитни и во време на корона: СДСМ ги одбра банките, ВМРО-ДПМНЕ граѓаните

Дали ВМРО-ДПМНЕ повторно застана на страната на граѓаните, а СДСМ очигледно, избирајќи меѓу граѓаните и банките, се фати за второто?

Според многумина, имајќи ја предвид познатата бизнис логика на партијата на власт, дузина пати демонстрирана и преку нивниот главен репрезент, Зоран Заев, логично е што социјадемократите постојано се на страната на бизнисот и парите.

Познавачите потенцираат и дека не бадијала оваа номенклатура повеќе наликува на корпорација и машина за правање пари, отколку на политичка партија со идеологија и став.

Во вонредна состојба и битка со коронавирусот, Владата не успеа да издејствува граѓаните на Република Македонија да добијат поволни услови за враќање на кредитите. Напротив, пресметката е дека поради каматите кои ќе отплаќаат пост-кризно, банките ќе успејат да инкасираат неверојатни  137 милиони евра како дополнителна добивка од 6-месечниот грејс период на невраќање на кредитите од страна на граѓаните. Реално, затоа и голем дел од граѓаните нема да ја прифатат оваа лажна владина мерка, пресметувајќи дека на тој начин ќе загубат  стотици, некои и илјадници евра.

Наместо да ги критикува, првиот човек на финансии, Нина Групер Ангеловска, ги правдаше банките.

Прв кој застана јавно контра банките и во заштита на народот е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој при гостувањето на ТВ Алфа јасно кажа дека голем проблем од кој бегаат надлежните се кредитите, односно банките. Николоски апелираше банките да не ја сечат гранката на која седат и дека треба конечно да престанат да се богатат врз грбот на граѓаните.

Треба банките да сфатат дека банките живеат од граѓаните и од стопанството. Доколку во тие банки граѓаните не ги оставаат своите пари, банките нема да можат да ги даваат тие пари како кредити на граѓаните и стопанството. Апелирам банките да не ја сечат гранката на која седат.

Огромни профити прават и тоа е добро. Оваа година и следната можат да го земат товарот. Нивната одлука да не ги откажат каматите, односно само да пролонгираат отплата за три или шест месеци плаќање на ратите може сериозно да ја загрози економијата, зошто економската криза ќе трае далеку подолго од здравствената.

И мислам дека банките во Македонија треба да престанат да се богатат на грбот на граѓаните и сега да помогнат кога е  критично, зошто помагајќи им на граѓаните и стопанството си помагаат себе си.

Ако граѓаните колабираат, а стопанството  затвори тогаш нема да можат да им плаќаат ни основица и камата. Мислам не го гледаат, а од Владата како да не сакаат да им кажат, посочи Николоски.

Вистинскиот проблем е што т.н. одложување на плаќањето на кредитите на шест месеци за граѓаните нема да биде бесплатно, туку ќе ги чини пари. Многу пари од камата. Тоа следува доколку граѓаните решат така и донесат одлука да ја искористат можноста која им ја нудат банките поради новонастанатата ситуација со коронавирусот.

Финансискиот товар иако привремено ќе им се олесни на граѓаните, а потоа ќе се зголеми, бидејќи банките за време на грејс периодот нема да ја отпишуваат каматата на кредитите туку ќе им ја наплатат откако тие ќе започнат со редовно подмирување на нивните долгови.

„Мислам дека ова не е добро решение затоа што ќе ги оптовари граѓаните со камата. Подобро би било и во тој грејс период да не се пресметува камата, односно решението да биде да има целосно запирање на кредитиниот процес на одредено време, односно граѓаните да не ги враќаат кредитите во тој период, но во тој период да не се пресметуваат и каматите“, изјави економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за РСЕ.

Во меѓувреме министерката за финансии Нина Групер Ангеловска ги правдаше банките и наспроти очекувањата на граѓаните и нивните интереси за кои како прв човек на финансии во државата треба да се залага, убедува дека никаде банките не давале целосен грејс период, туку дека секаде пресметувале камата, штитејќи ги со тоа интересите на банките, а не на граѓаните.

Во склоп на познатиот манир на евтин популизам на оваа Влада, Ангеловска дури не’ убедуваше дека ова било успех.

„Веќе гледаме дека тоа се случува и не само за три месеци, туку се случува и за шест месеци, што е резултат на тоа дека соодветно решение со процена на ризиците и со конструктивен предлог довело дури да се изнајдат и подобри решенија за одлагањето кај поголемиот дел од банките“, се пофали министерката Нина Групер Ангеловска.

Верувале или не, со класичен спин, Ангеловска не’ убедува дека ова со 6 наместо 3 месеци одложување бил успех на владата и граѓаните, заборавајќи дека пресметката на камата ќе стане неверојатен финансиски товар за македонските семејства по кризата, не спомнувајќи дека ова реално ќе претставува екстра профит од цели 137.000.000 евра за банките и дополнителна загуба за семејниот буџет на граѓаните.

Соочени со ставот на Николовски кој застана зад граѓаните и Ангелоска која ги протежира банките, двајца спротиставени репрезенти на политиките на двете најголеми партии, логично е и да се запрашате – како ќе беше времето на коронавирусот Македонја да го поминеше со една друга влада?  И на полето на здравството, безбедноста, но секако и во економијата.

Вистинскиот проблем е што последиците од кризата штотуку ќе се чувствуваат, а „мерките“ на Владата на Спасовски, диригирана од Заев, досега се покажаа како неосмислени, популистички и недоволни за стопанството и за граѓаните.

Можеби главни економски прашања во моментов се:

– Зошто Владата на СДСМ не ја прифаќа подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ и не ги инкорпорира аргументираните и студиозни мерки понудени од опозицијата?

-Зошто СДСМ се плаши да застане на страната на граѓаните и ги одбира банките? Во прашање ли е бизнис-интерес на социјалдемократите?

-Кој ќе одговара за катастрофалните економски последици во посткоронавирус периодот?

Во меѓувреме, Македонија останува да види, дали актуелната влада на СДСМ ќе ја победи сопствената самобендисаност и ќе се надмине себеси во името на граѓаните за кои толку „транспарентно“ и очигледно само декларативно се залага.

Коронавирус