петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пари за модуларната болница во Тетово компанијата „Брако“ зема, но истата не се пушта во употреба и надлежните молчат, а граѓаните умираат

Пари за модуларната болница во Тетово компанијата „Брако“ зема, но истата не се пушта во употреба и надлежните молчат, а граѓаните умираат

Со изградба на модуларни болници се доцнеше околу 6 месеци, имено министерот за здравство, Венко Филипче ветуваше дека модуларните болници ќе бидат изградени до месец август, но истите не беа изградени тој период, туку започнаа со изградба околу ноември месец во самиот ек на вториот бран од КОВИД-19.

За истите модуларни болници неодамна излезе информација дека компанијата „Брако“ веќе го наплатила поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, и тоа преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика и веќе му се префрлени 3,62 милиони евра.

-Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје – Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари, гласеше одговорот од Министерството за труд и социјална политика.

Но проблемот започнува со тоа што инфективното одделение во Тетово секој ден има сé помалку болнички кревети, а модуларната болница никако не се пушта во употреба. Иако според Извештајот на ИЈЗ од почетокот на пандемијата до 16.04.2021 вкупно починати во Тетово има 263 лица. Од почетокот на КОВИД-19 до 16.04.2021 има заболено 6.889 граѓани. А, во моментов има околу 700 активни случаи.

Според информациите на порталот Портабл.мк топката надлежните си ја префрлаат но модуларната болница никако да се пушти во употреба.

-Иако од март побаравме да ни се даде дозвола за пуштање во функција на модуларната болница во Тетово, бидејќи сите наши задачи како Клиничка болница во Тетово ги извршивме, тоа не се случи, техничкиот прием сè уште не е направен, значи давањето клучеви за пуштање во функција на модуларната болница, рече Артан Етеми, економски директор во тетовската Клиничката болница за порталот Портабл.мк.

-Во согласност со договорот и обврските од истата, модуларната болница која се наоѓа во дворот на тетовската Клиничка болница, е поставена комплетно подготвена во закажаниот рок, примопредавањето на инвентарот, мебелот и другите беа извршени на 09.03.2021 година, од страна на комисијата каде учествуваа претставници од Министерството за здравство и МТСП, истакнале од Министерството за здравство.

Но од компанијата „Брако“ која е блиска до власта за медиуми вели дека тие својата работа си ја имаат завршено и од тука натака не знаат до кој е проблемот.

-Да, ние ја завршивме целата наша работа и има време. Немаме информација зошто сè уште не е ставена во функција, изјавија од компанијата „Брако“.

-Додека сите земји од соседството веќе се во одмината фаза од процесот вакцинација, Македонија се уште моли за вакцини и бара милостина. Ова ли е европското здравство кое Заев и Филипче го ветуваа? На македонските граѓани им е преку глава од несериозни политичари, криминалци, рекетари, профитери и неодговорни луѓе. Оставка час поскоро, оставка уште денес, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Миле Лефков на протестов одржан на 17.04.2021 пред министерство за здравство.

Коронавирус