сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Параглајдеристи изгубиле контрола и паднаа на Галичица

Параглајдеристи изгубиле контрола и паднаа на Галичица

Параглајдеристи од Украина од засега непознати причини, изгубиле контрола додека летале над Галичица и паднале на падините на планината, во близина на Mакедонско-албанската граница, дознава OhridNews.

Инцидентот се случил околу 15 часот, по што веднаш биле алармирани Националниот парк и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, кои се упатиле на местото на настанот и трагаат по параглајдеристите.

-Како што дознаваме, со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на албанска територија. Македонската гранична полиција веднаш стапила во контакт со колегите од Албанија заради координација околу спасувачката мисија која е во тек. Според првичните информации еден од параглајдеристите се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со полесни. Неофицијално дознаваме дека украинските параглајдеристи, биле туристи кои самоиницијативно, без соодветна логистика се упатиле во опасна авантура, дотолку повеќе што временските услови за летање со параглајдер не биле добри, поради неповолен и силен ветер, на што биле предупредени од искусни македонски летачи, кои од тие причини ги откажале своите летови и се симнале од Галичица. Истрагата  која ќе уследи ќе треба да утврди дали тие имале дозвола за летање и дали биле искусни летачи, пишува порталот.

Коронавирус