сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Парадокси на македонските институции- неусогласени закони оставија 50 пензионери без пензија и без социјално осигурување

Парадокси на македонските институции- неусогласени закони оставија 50 пензионери без пензија и без социјално осигурување

Со 45 години бенифициран стаж како вработен во затворска полиција, Коле Ганзовски не може да си го оствари правото на пензија. Проблем е новиот закон за извршување на санкции кој не е услогласен и доработен согласно законот за пензиско осигурување. По добиеното решение од затворот Шутка- Скопје каде го поминал работниот век, се обратил до ПИОМ од каде му ги вратиле документите со образложение дека не можат да утврдат пензија бидејќи во законот не е предвиден коефициент за исплата .

Сагата на Ганзовски по институциите трае веќе два месеци, период во кој тој нема ниту пензија ниту здравствено е осигуран. Поради здравствени проблеми прима редовна терапија која сега ја плаќа приватно.

Со истиот проблем се соочуваат 50тина затворски работници кои ги исполнуваат сите услови за пензија. Директорот на управата за извршување на санкции која раководи со затворите за Сител вели дека проблемот трае само еден месец и веќе работат на изнаоѓање на решение.

Пратениците го изгласале законот во мај а до тогаш ниту една институција, не го предвидела проблемот.

ИЗВОР: СИТЕЛ

Коронавирус