четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Вести

Парадокс на македонското судство, Чавков и другите полицајци добија 18 години, а терористите на ИСИС 6 години затвор

Парадокс на македонското судство, Чавков и другите полицајци добија 18 години, а терористите на ИСИС 6 години затвор

Денеска во Кривичниот суд во Скопје на затворска казна од 6 до 9 години беа осудени македонски државјани кои биле дел од паравоената формулација на ИСИС. Станува збор за Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски кои на минатото рочиште го признаа делото за кое беа обвинети “Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација”

Парадоксот на македонското судство е што пред само неколку дена во Кривичниот суд беа изречени драконски казни за полицајци меѓу кои и поранешниот министер и директор на БЈБ Митко Чавков кој беше осуден на 18 години затвор, додека другите полициски службеници во истиот случај терористичко загрозување на уставниот поредок се осудени на осудени на 15, 12 и 10 години казни.

Она што загрижува е фактот што лица кои беа осудени со драконски казни својот живот го поминаа во македонската безбедносна служба бранејќи ја Република Македонија и нејзината безбедност, додека пак лицата кои учествувале во терористичка организација ИСИС позната во целиот свет која делува со метод на свирепо и брутално убивање се осудени на минимални казни.