петок, 30. септември 2022. Вести денес: 64
home Вести

Парадокс на Годишната програма на Министерството за култура: Милиони денари внатре во семејството!

Парадокс на Годишната програма на Министерството за култура: Милиони денари внатре во семејството!

При одобрување на проектите од национален интерес од страна на министерството за култура, се наидува и на такви во кои има и семејни врски, пишува весникот Коха. Сопружниците Бурханедин Сали и Надире Исмаили Сали, кои се појавуваат како овластени лица во две здруженија, “Звуците на Каршaика” и “Иновацион”, се еден од случаите каде што има добро платени проекти. Станува збор за вкупно 3,2 милиони денари во проекти за овие две имиња, те. организации.

Надире Сали, е пак сестра на секретарот на кабинетот на државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири, и е одобрен проект во делот активности за културни и уметнички настани, за што се доделени 1,2 милиони денари. Книжевната манифестација за поезија или „Поетски ветер“, ќе ја спроведува здружението “Иновацион”, а врз основа на податоците од Централниот регистар, асоцијацијата, на која и е доверен овој настан е основана речиси еден месец по објавувањето на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес (рокот за конкурсот објавен од Министерството за култура беше од 30 септември до 15 ноември). Или според тековната состојба од Централен регистар истото е регистрирано на 27 октомври минатата година, a овластено лице е Надире Сали.

Ако се направи пребарување во издавачката дејност, името на истата личност се појавува и со друг проект, каде што е одобрена сума од 150 илјади денари за издавање на книга ” Патувањата на малиот Лирик”. Или со ова организацијата „Иновацион“ добива околу, 1,3 милиони денари.

Фондот за печатење и издавање на оваа книга е три пати поголем од минимумот кој се дава за издавање (50 илјади денари), и се доближува до максималните суми кои се давани на автори, воглавно за студии, кои варираат од 100 до 200 илјади денари. На пример, ако една авторка за деца, Нертила Питарка беше финансирана со 60 илјади денари за„Детето кое продаваше чоколади“, писателката Пунторие Муча Зибај со 70 илјади денари за книгата „Градината на Црешите” или писателот Салајдин Салиху со 200 илјади денари за ” Поглед врз светската литература II”, книгата на авторката Исмаили Сали е меѓу најплатените. Тоа што ги разликува е тоа што фондот е доделен без никаква разлика помеѓу побараната и одобрената сума.За разлика од другите случаи каде што сумата побарана од авторот е поголема од онаа која е одобрена од министерството.

Организацијата „Звуците на Каршиака” која пак ја води Бурханедин Сали, сопругот на Надире Исмаили Сали, исто така рангирани помеѓу албанските ансамбли кои имаат земено добри фондови. За „Звуците на Каршиака” одобрени се неколку проекти, едниот за одбележување на 25 годишнината (или зема за еден проект 600 илјади денари, а за друг 900 илјади денари) за Меѓународниот фестивал „Скопје” кој ќе биде одржан на 25-30 август, во општините, Чаир, Сарај, Карпош, Студеничани како и 400 илјади денари за учество на Меѓународниот фестивал во градот Фара во Португалија. Или организацијата „Звуците на Каршиака“ добива околу 1,9 милиони денари.

Одобрените суми за слични манифестации се екстремно поинакви, од 100 илјади до еден милион. Неправилната поделба на некои од фондовите на Годишната програма за култура предизвика реакции не само кај националните  институции, туку и кај здруженија, поединци, и други актери од уметничките здруженија, кои по објавувањето на резултатите од конкурсот го изразија нивното незадоволство за непочитување на критериумите во оценувањето на проектите.

Експертите бараат одговорност.Во изјавите за весникот „Коха“ тие велат дека не се согласуваат со некои случаи, ниту со доделените суми, како и со неправилниот избор.

Што се однесува до секторот за издавање пред неколку дена издавачите реагираа искажувајќи сомнежи дека поголемиот дел од книгите кои поминале не ги исполнувале елементарните критериуми. Тие побарале од министерството да ги истражи злоупотребите.

Се огласи и државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири. Во една од последните реакции кажал дека се дистанцира од секој обид на луѓето кои пробале или во иднина ќе пробаат да ги злоупотребат фондовите на министерството за култура, или од здруженијата кои ќе се обидат на незаконски и на нечесен начин да профитираат под фондовите на министерството. Неговата реакција доаѓа неколку дена после објавеното соопштение од министерството за култура, но самиот тој негира дека има нечесен избор и дека проектите се оценети врз база на документациите.

Извор: koha.mk

 

Коронавирус