понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 176
home Вести

Парадокс: И дефинитивно, караоке партнерката на Боки 13 ќе го тужи истиот и во „Меѓународен сојуз“

Парадокс: И дефинитивно, караоке партнерката на Боки 13 ќе го тужи истиот и во „Меѓународен сојуз“

Вилма Рускоска, караоке партнетката на Бојан Јовановски, алијас Боки 13, останува обвинител во случајот „Меѓународен сојуз“. Познавачите на состојбите ова го толкуваат како продолжение на јавно обелоденетата Заева ТРАС-ТРАС преакса во судството и обвинителството.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски го одбил барањето на одбараната на обвинетата Фросина Ременски за иземање на обвинителката Вилма Русковска во случајот Меѓународен сојуз, дознава „Економски Лидер“.

Одлуката била донесена уште минатата недела. За утре беше презакажано почетното рочиште за случајот, кој важи за продолжение на „Рекет“.

Кон барањето за иземање на Русковска се придружи и првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, нејзиниот докажан парнер во пеење караоке по скопските кафеани и по приватни забави. За нејзината блискост со обвинетиот имаше повеќе сведоштва на обвинети и сведоци инволвирани во Рекет.

Судскиот процес започна на 1 јули. Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.

Најнови вести

Коронавирус