Лидерот на владејачката јужнокорејска Демократска партија „Заедно“ изјави дека Папата може да ја посети Северна Кореја идната година, јави Јонхап.
Ли Хае-чан, претседател на таа партија изјави дека има информации дека Франциско би сакал да ја посети Северна Кореја идната пролет.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин е во посета на Европа за време на која се очекува да му предаде на папата покана од севернокорејскиот лидер за посета на Пјонгјанг.
МИА