сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

ПАП тест бесплатен, но се наплаќа – Кој е виновен!?

ПАП тест бесплатен, но се наплаќа – Кој е виновен!?

На една утринска програма се отвори главното прашање за ПАП тест, зошто жените не одат кога е бесплатен. При текот на емисијата се јави една жена и посочи дека тестот е бесплатен на хартија, која жена и да отиде на гинеколог едно обично ехо да направи и се наплаќа, иако според законот матичен гинеколог не треба да наплаќа.

Таа дури посочи дека ако пацинетките сакаат веродостоен точен ПАП тест треба да доплатат, бидејќи на Клинички дури не се знаело кој го прегледува. Затоа отишла на приватен гинеколог, пишува Здравство.мк

Душко Филиповски е Претседател на Здружение на матични гинеколози кој во секоја своја статија и изјава посочува дека кај избраните гинеколози, според Фондот, треба да се бесплатни дијагностички прегледи со ЕХО, колпоскопија, земање брис. Тој објаснува дека ПАП-тестот е бесплатен на секои три години и за него се повикуваат пациентите по возрасни групи, според веќе определена програма. За ПАП-тест еднаш годишно се плаќа партиципација од 60 денари. Прифатените светски правила велат дека ако трите последни теста се уредни, наредниот се прави за три години – вели д-р Филиповски.

Иако по закон за прегледите кај матичните гинеколози не треба да се наплаќа, најголем дел од нив им земаат пари на пациентките. Кога избраниот гинеколог ќе побара пари за бесплатен преглед, советуваат од Фондот, осигуреничките треба да му посочат дека се запознаени со нивните права и дека прегледот кај избран лекар не се наплаќа. Во случај кога се инсистира на наплата за прегледот, потребно е да побараат фискална сметка за извршените здравствени услуги и да го информираат Фондот, било преку претставка доставена во писмена форма било преку електронска форма, а во прилог да достават фотокопија од финансиската документација (фискална сметка).

При читањето на оваа статија, гледачката на водителот му рече, токму тој и наплатил за ПАП тест и не и дал фискална сметка.

Коронавирус