Воопшто не треба да имаме дилеми за ефикасноста и безбедноста на вакцините од кинеските фармацевтски компании, уверува микробилогот доктор Никола Пановски во разговор за Канал 5.
Пановски појасни дека кинески „Синофарм“ докажал дека нивната вакцина е 80% ефикасна
Според професор Пановски источниоте земји поминале полесно со ковидот , а во врска со успешноста на вакцините вели дека најважна вакцина е онаа што постои.
Иднината на вакцините ќе зависи и од самиот вирус, смета професор Пановски ,а за себеси вели дека нема да бира, ќе се вакцинира со првата вакцина што ќе пристигне. Тој смета дека Ковид пасошите се штетна идеја .
Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со професорот Пановски.