вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Пановски вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат мерки

Пановски вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат мерки

Д-р Никола Пановски во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека во Македонија до месец декември би имале околу 10.000 мртви од Ковид-19.

Тој вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат некакви мерки.

Пановски доаде дека доколку претпоставиме дека имаме по 5.000 активни случаи, според вирулентноста на вирусот и доколку таа е 2-3, односно доколку еден заболен може да зарази двајца или тројца други луѓе, тогаш во следните три месеци би имале и повеќе од 10.000 заразени дневно.

Коронавирус