понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Пановски: Ги укинаа мерките како да имаа рок на траење, не очекува втор пик кој ќе биде поголем од претходниот со 107 случаи

Пановски: Ги укинаа мерките како да имаа рок на траење, не очекува втор пик кој ќе биде поголем од претходниот со 107 случаи

Очигледно не чека втор пик, ако воопшто она првото беше пик, овој пат поже ќе биде поголем од тие 107, бидејќи ние три или четири дена имавме над 50 случаи, вели професорот доктор Никола Пановски.

Тој во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител појасни дека со укинувањето на рестриктивните мерки, кои воедно одеднаш ги укинаа како да имаа рок на траење, се очекува вториот пик од корона вирусот да биде поголем од претходниот.

– Ако сега имаме повеќе од четири дена над 50, не знам зошто не би имале, бидејќи тогаш имаше многу строги мерки а сега има многу благи мерки, оставено е на свеста на граѓаните. Одеднаш ги укинаа мерките како да имаа рок на траење, вели Пановски.

Тој појасни дека, медицинската фела велеше дека перките ќе траат 100 дена но се надеваа дека надлежните подобро ќе се справат со ситуацијата и ќе имавме многу помал број на заразени, како во некои земји од регионот. Но ситуацијата кај нас е обратна, место да се намалува, кај нас бројот на нови заразени лица се сголемува.

– Ние викавме дека 100 дена ќе траат, така си викавме на почетокот, но мислевме дека ќе бидат подобри резултатите како што се во некои земји како Црна Гора, Хрватска, Словенија, Грција па и Бугарија не се лоши. Мислевме дека тогаш ќе се олабават мерките и ќе можеме послободно да се движиме, бидејќи бројот на носители на вирусот ќе биде локализиран и ќе биде толку мал да навистина нема шанси да се прошири. На овие бројки што сега се и што ќе дојдат со олабавувањето на мерките по едно пет до десет дена, ќе може да се очекува и поголем број, рече професорот Пановски, во однос на укинувањето на карантинските мерки.

Пановски вели дека не знае како надлежните кои викаат дека ја држат пот конрола ситуацијата, ги конролираат заразените лица и дали воопшто ги контролираат.

– Одговорните викаат дека е под контрола, меѓутоа јас не знам како ги контролираат овие луѓе, семејства, триесетина или 50 активни случаи, дали на нив им е забрането да дојдат во центарот на Скопје, да одат во други градови да посетат роднини, да не зборам за оние што не знаат дека се носители што се асимптоматски, меѓутоа овие со симптоми, дали сите се во изолација, дали се контролира изолацијата и тоа не сум сигурен, рече професорот.

Парламентарни избори 2020