понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 103
home Вести

Панова: ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатно ковид тестирање за сите граѓани

Панова: ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатно ковид тестирање за сите граѓани

И покрај сите енормни задолжувања кои остануваат како товар за отплаќање на нашите внуци, Министерството за здравство за 2021 година ќе има за 4,68% помал планиран Буџет во однос на оној од 2020 година, изјави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.

Таа посочи дека од она што го предлагаат премиерот во заминување Заев и министерот Филипче гледаме дека здравството ќе тоне и догодина, a луѓе и понатаму ќе умираат!

Од анализата на буџетот за здравство гледаме дека:
-Нема доволно пари за реконструкција на Јавните здравствени установи,
-Нема доволно пари за медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи,
-Нема доволно пари за нов клинички центар,
-Нема доволно пари за амбуланти во руралните пордачја,
-Нема доволно пари за потребите на Агенцијата за лекови,
-Нема доволно пари за вработување и едукација на лекари и медицински персонал,
-Нема доволно пари за здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните на Р.Македонија.
Морам да нагласам дека во буџетот на Заев и Филипче има пари за партиски вработувања, за непродуктивни трошоци како на пример за мебел по институциите, но не и за здравството.
Се чини дека Владата и во оваа криза ги гледа граѓаните единствено како единствени матични броеви, а не како живи луѓе, истакна Панова.

Како пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, рече таа, предложивме амандмани за КОВИД кризата и затоа БАРАМЕ:

-Од нашиот данок, ќе повторам, ОД НАШИОТ ДАНОК, прифатете ги нашите амандмани, затоа што само живи луѓе можат да ја раздвижат економијата и нашиот фокус е да се спасат што е можно повеќе животи. За доброто на сите тргнете ја суетата, внимателно разгледајте ги и прифатете ги амандманите како што се на пример:
-амандманот за бесплатни КОВИД тестови за сите граѓани, и
-амандманот за 50 нови амбулантни возила,
Живееме во држава која е во првите 5 земји во Европа во заразени по глава на жител, а по смртност и многу пошироко. Со масовно тестирање ќе се помогне во намалување на бројката на новозаразени. Тоа значи дека ќе се спасат животи и ќе се намали смртноста. Веќе неколку европски земји го спроведоа тоа и се покажа како ефикасна метода. Воедно тоа многу ќе помогне и финансиски на граѓаните. Во состојба кога 55.000 граѓани останаа без работа, кога пола милион живеат со по 2 евра на ден, ова е значајна помош. Едно или две донирани комбиња не вршат работа, ова беше само крпење, затоа сметаме дека буџетски мора да се реагира и итно мора да се набават нови амбулантни возила, за сите градови. Животот и здравјето на граѓаните НЕ се политичка реторика, туку наша ДОЛЖНОСТ, нагласи Панова.

Најнови вести

Коронавирус