сабота, 10. април 2021. Вести денес: 64
home Вести

Панова: Вчерашното гласање за доверба на Влада беше начин како да се прикрие тенкото владејачко мнозинство и распоравањето на националните интереси

Панова: Вчерашното гласање за доверба на Влада беше начин како да се прикрие тенкото владејачко мнозинство и распоравањето на националните интереси

Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за работата во Собранието каде посочи дека тие како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш таму, разговараат на сите теми и бараат транспарентен начин на почитување на Деловникот во Собранието.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ во Собранието разговараме на сите теми и не кочиме никакви процеси како што зборуваат од страна на власта. Ние само бараме транспарентен начин на почитување на Деловникот и кога има такви пратеници и знаат што сакаат тешко е да ни се спротистават и тешко е да не владеат, рече Панова во своето гостување.

Пратеничката Панова во своето гостување зборуваше за вчерашното гласање на доверба на владата и посочи дека тука се поставува прашањето дали тоа беша начин да се прикрие распродавањето на националните интереси.

Активни сме во Собранието и секојдневно сме присутни, дебатираме но и ни се случуваат изненадени ситуации како еве ова вчера со гласањето на доверба за кои не беа известени ниту 62 пратеници. Но и ние бевме изненадени од целата ситуација но ајде да се увиде прашањето од поразличен аспект. Кога во историјата или споредбено со некои други држави кога еден премиер сам си поднесол барање за гласање на доверба на Влада? Тоа би требало да биде само во исклучителни ситуации како што се воена состојба, вклучување со сојуз или одредена кризна состојба. Ни се наметнува прашањето дали ова беше само начин како да се стегне обрачот околу и тако слабото, кревко владејачко мнозинство од 62 и да може да го стабилизираат со одредени работи или на повидок е одредено ново задолжување особено национално односно распородавање на национални интереси кога станува збор за акциониот план со Бугарија? Ова се многу битни прашања кои во наредниот период треба да се отворат и да се затворат. Јас би го поставила прашањето затоа што Заев и СДСМ едно зборуваат, а сосема различно прават, ова се поставува како прашање што ќе видиме каков епилог ќе добие во наредниот период, кажа таа.

Панова запраша зошто вчера кога се собрало кворум во Собранието не се изгласа петтиот пакет на економски мерки кој има големо значање за граѓаните.

Ако видите дека надвор меѓу граѓаните владее сиромаштија,ако очекуваат да го добијат петтиот пакет на еконосмки мерки тогаш би го поставила прашњето зошто кога се собра кворумот после еден месец и повеќе зошто не се стави на дневен ред една ваква точка која би значела бенефит за сите граѓани, додаде Панова.

Коронавирус