сабота, 6. март 2021. Вести денес: 106
home Вести

Панова: Пописот кој СДСМ сака да го спроведе ќе биде фингиран

Панова: Пописот кој СДСМ сака да го спроведе ќе биде фингиран

На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова која зборуваше за законот за попис, како и за методологијата за донесувањето на истиот.

Според Панова, методологијата на донесувањето на законот е тенденциозен и некоректен, поради тоа што повеќе од јасно е дека наместо статистичка операција која што ќе биде показател во однос на некои работи во иднина, ваквиот попис каков што СДСМ сака да се спроведе е повеќе од политички и со нечесна намера.

Панова додаде дека за жал со ваков однос на власта нема да биде возможно организирање и реализирање на пописот, бидејќи пописот нема да биде релевантен и резултатите кои би се добиле од пописот ќе бидат фингирани и прилагодени на потребите на одредени политички елити, а не да бидат статистички податоци кои во иднина ќе треба да помогнат при формирање на разни тела во општеството.

-Откако сум пратеник во Собранието, за сите закони дебатираме само ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Вас од власта не ве интересираат ниту дебати, ниту аргументи, туку само нарачките на вашите лидери. Тоа не се европски вредности, ниту европски начин на функционирање, иако секојдневно само гледате каде можете да протнете Европско знаменце, истакна Панова.

-Власта веќе неколку години наназад не сака да соработува со опозицијата и смета дека се недопирливи и луѓе кои разбираат се, иако резултатите на терен низ државата покажуваат нешто сосема различно. Тоа што власта нема доблест да разговара за многу прашања со опозицијата само покажува за стравот и неработата кои владеат во владеачкиот табор, заврши Панова.

Коронавирус