петок, 23. април 2021. Вести денес: 40
home Вести

Панова: Ако бевме европска држава по бегството на Мијалков, Спасовски ќе си дадеше неотповиклива оставка

Панова: Ако бевме европска држава по бегството на Мијалков, Спасовски ќе си дадеше неотповиклива оставка

Во емисијата „Филибастер“ на Лидер ФМ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова која кажа дека  повеќе од јасно е со случајот со бегството на Мијалков дека институциите не функционираат и дека на граѓаните тоа им е повеќе од јасно.

Панова појасни дека ова не е прво бегство и прв случај каде луѓе кои треба да бидат осудени бегаат од земјата и дека одговорноста е кај власта. Дополнително Панова кажа дека доколку вакво нешто се случело во европска држава тогаш уште утрото одговорноста ќе биде лоцирана и одговорниот  ќе си имал дадено неотповиклива оставка.

-Ова не е прв случај за вакво бегство значи избегаа повеќе лица кои што беа обвинети од страна на некогашното СЈО денешното обвинителство значи избегаа и Бошковски и Спасовски односно  убиецот на Мартин Нешкоски. Ако бевме во некоја европска држава каде нормално функционираат институциите и носителите на јавни функции имаат одреден морал и етика по која што работат уште утрово ќе не известеше министерот за внатрешни работи дека си поднесува неотповиклива оставка потенцираше Панова.

Пратеничката  од ВМРО-ДПМНЕ  кажа дека веќе четири години на чело со СДСМ  институциите не функционираат и дека со секој изминат  ден и со секој нов случај како случајот со бегството на Мијалков  тоа е  повеќе од јасно.

-Институциите во државата не функционираат а тоа граѓаните за жал добро го знаат и бидејќи ова се случува веќе 4 години доверба од страна на граѓаните повеќе во овие институции едноставно нема. Чија е одговорност за сето тоа допрва ќе видиме меѓутоа за жал научивме дека подолг временски период одговорност за вакви случувања нема апсолутно од никого заврши  Панова.

Коронавирус