четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Паниката во СДСМ се зголемува, зачестуваат заканите и нападите

Паниката во СДСМ се зголемува, зачестуваат заканите и нападите

Му предлагам на Антонијо да умре! Да можам да го чкртнам на некоја читуља. Да го убијам како мртовец и да го оживеам како будала, пишува Бранко Тричковски, кој е еден од фронтмените на власта преку своите колумни.


Тричковски често повикува на насилство и убиство врз политичари и јавни личностио кои не се дел од владејачката коалиција.

Пратеникот Милошоски е цел на повик за насилство, откако вчера на на својата легитимација како претставник во Совето на Европа,  ја пречкрта Северна од името на државата.

Но, ова не е прв ваков случај Тричковски да шири говор на омраза. Имено тој пред две години повикуваше на убиство на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но за жал до сега за Тричковски нема ниту едно покренато обвинение, ниту пак, пресуда за ширење на говор на омраза.

Ваквите написи и испади на страв од страна на фронтмените на власта се докажува дека СДСМ се исплашени од пораз.

Дека СДСМ, Заев и Пендаровски се во паника и нервоза од слабиот рејтинг покажува и синоќешната случка во општина Аеродром, каде што партиски активист нападна вербално и физички млад член на Унијата на млади сили само поради тоа што го снимаше како кине плакатите за претседателскиот кандидат на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Потсетуваме и на случката пред два дена откако од страна на активисти на владејачката СДСМ сторија тешко кривично дело попречување на изборната кампања со тоа што застанале млади активисти од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и им го одземале целиот рекламен материја за кампањата на Силјановска Давкова.

Коронавирус