вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дали директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски?!

Дали директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски?!

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пред неколку дена правеше свадба. Меѓу гостите беа високи функционери на СДСМ, но веројатно и директорката на Кожна клиника за која денес беше потврдено дека е заболена со коронавирус. Дали таа била присутна таму?

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот викендов била во друштво на пола СДСМ кои беа гости на свадбата кај Николовски, се вели во се уште непотврдените информации.

Меѓу гостите на оваа свадба беа и екс-премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, екс-разузнавачот Верушевски и други бројни високи партиски и владини функционери, меѓу кои и директори поставени од партијата. Дали меѓу нив била и директорката која има коронавирус?

Кај социјалдемократите во моментов владее страв од коронавирусот, па покрај нервозата за изборните листи, дали сега имаат многу поголем проблем?

Во меѓувреме, Николовски ја демантираше информацијата дека докторката била на неговата свадбена веселба.

 

 

Коронавирус