петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство

Панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство

Во рамки на проектот „Елиминирање на родовата нееднаквост, преку интервенции на институционално и дигитално ниво“ финансиран од шведската фондација Kvinna till Kvinna, денеска ќе се одржи панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство и стандардите за нивно функционирање.

Панелот е наменет за претставници на институциите кои работат на заштита на жртвите од сексуално насилство, како и претставници на граѓанските организации и општата јавност. Целта е да се подигне свеста за постоење на центрите, како и да се идентификуваат слабостите во протоколите и стандардите за работа и воедно да се дадат препораки за нивно подобро функционирање.

Како што е најавено, панелот ќе го отворат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

На панел дискусијата посветена на стандардите и предизвиците поврзани со работата на центрите
ќе учествуваат Розалита Дојчиноска, полициски советник во Биро за јавна безбедност при МВР, Нермина Факовиќ, координаторка за еднакви можности во Министерството за здравство, Нада Тофоска, координаторка на Центарот за жртви на сексуално насилство во Скопје и Наташа Станојевиќ, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Коронавирус