среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Заев е во паника, за три години направи еден куп криминали

Пандов: Заев е во паника, за три години направи еден куп криминали

Во гостувањето во МРТ 1, аналитичарот Александар Пандов потенцираше дека Зоран Заев е во паника бидејќи изминатите три години направи еден куп криминали за кои ќе треба да одговоара и токму ова е причината поради која не партиите не може да се договорат за законот за обвинителство. Според него Заев е загрижен за себе за неговото семејство како и за најбилските соработници па така нормално е да го прави ова што го прави.

-Ако ти тргнуваш во политиката кога ги гледаш нештата од сам себе и ако си ти чесен, поштен човек, нормално е со чудење да гледаш и викаш зошто еден закон кој што е нормална работа да се донесе било каде, кај нас не може да се донесе. Затоа што има куп криминали Заев направено, кој што е претседател на СДСМ и се плаши за него за неговот семејство, за неговите блиски околу него и нормално е во паника сега, да го прави ова што го прави.