недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Пандов: За цел овој циркус и театар кој плаќа? Па се знае, народот

Пандов: За цел овој циркус и театар кој плаќа? Па се знае, народот

Аналитичарот Александар Пандов смета дека за се ова што се случува во државата, за овој циркус и театар, како што тој вели, плаќа народот.

-Во пленарната сала на собранието, пратениците со ќорци пукаа кон Груевски, гласајќи за одземање на неговиот пратенички имунитет. Во друга сала на парламентот као разговараа за чист воздух, на која најповиканиот Макрадули спиеше, а Шилегов си играше игрици на телефон и тоа пред очи на пратениците и цела македонска јавност! Сето тоа во инклузивна, реформаторска, европска и многу важно прозападна атмосфера! Ги заболе за Груевски и воздухот. Еве три недели ќе поминат како им кидна и им направи тотална бламажа, за која во нормална држава би паднала влада, а министер за внатрешни уште истиот ден, тие уште се на „истрагата е во тек”! За лубриканти даваат повеќе пари од што ќе дадат во борба за чист воздух. Важно на крајот од денот и од едната и од другата сала народните избраници си застанаа пред благајна да си ги подигнат своите патни трошоци и дневници за глупирање низ собранието и пиење кафица. За цел овој циркус и театар кој плаќа? Па се знае, народот, напиша Пандов на својот Фејсбук профил.

Најнови вести

Коронавирус