сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 85
home Вести

Пандов: Власта врши терор врз македонскиот народ преку судскиот систем, класичен пример се казните за Вевчанскиот карневал

Пандов: Власта врши терор врз македонскиот народ преку судскиот систем, класичен пример се казните за Вевчанскиот карневал

„Ова е терор, ова е фашизам, мислам ние да сме на окупирана територија сега, мислам дека таа окупаторска власт по со исаф ќе се однесува према окупираното население од она што ни го прават нам оваа власт. Имено, сите се сеќаваме на Вевчанскиот карневал, тој беше мирен, луѓето носеа и заштитни маски, се беше како што треба, но едноставно Оливер Спасовски и Зоран Заев ја имаа пратено полицијата таму и видовме колкави полициски сили доведоа за да направат или да испровоцираат неред“, истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов при гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Пандов додаде дека и апсењето на Орце Камчев, е само како да се има некое апсење во Македонија. Вели дека со тоа апсење само се прикриваат, заташкуваат сите афери кои им излегоа за само неколку дена.

„Ако Љупчо Николовски ова го сфаќа како за борба против корупција со казнување на луѓето од Вевчани со 17.000 евра тоа е нон сенс, тоа е едноставно страшно, тоа е надвор од разум“, рече Пандов.

Пандов посочи дека власта од самото нивно доаѓање правосудниот систем го користат за терор врз граѓаните.

-Власта преку судот ги казнува граѓаните и не им дозволува да имаат право на свое мислење, рече тој.

Најнови вести

Локални избори 2021