сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Вести

Пандов: Власта владее со страв и тортура, во затворите невини лежат 50 политички затвореници

Пандов: Власта владее со страв и тортура, во затворите невини лежат 50 политички затвореници

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Што не е јасно, на телевизија Алфа вели дека основен белег на власта на СДСМ и Зоран Заев е стравот и тортурата, додаваќи дека во моментот во затворите има 50тина политички затвореници.

– Стравот и тортурата со која владеат е основен белег на оваа власт. Ние во моментот имаме 50 политички затвореници, ги имаме браќата од 27-ми април кои се осудени како терористи по 12, 15, 18 години осудени. Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Што е пораката, ако можела Гордана Јанкуловска која што била толку години министер, исто и Митко Чавков, да ги соберат и без никакво дело да ги држат во затвор што останува за мене, за било кој човек. Стравот е единствената алата со која што они знаат да раководат. Од друга страна пак пак Добрила Кацарска е судијката која ја судеше Јанкуловска и Груевски за Тенк, ја изучуваат по Универзитети во Америка за судијка како не треба да се водат судски случаи. Значи по 10, 12, 14 часа траеа рочиштата, од ден за ден ги малтретираше луѓето, на огромни казни ги осуди, а Зоран Заев го гледавме како бараше едно евро за брат му Вице, едно евро за црквата, притоа посочува како некој мито си платил човекот за Рекет, и го ослободи и таа истата Кацарска ја ставаат да бидела уставен судија, вели Пандов и додаде:

– За кое судство ние разговараме. Пазете какво име ставаат за Шамарите на Жерновски, а Жерновски си кажа дека не добил шамари. Е сега тој Жерновски посочува дека ниту бил ниту тепан, ниту шамаран, но повторно има осудителна пресуда за Груевски и останатите се условно. За Даниела Рангелова која се појавува само да го критикува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Фатиме Фетаи го повлече обвинението за нејзе. Е сега дај да споредиме кога протестираа шарените платенции, ја запалија претседателската канцеларија и за тоа добија по 50 евра казна. Кај нас со затворски казни, е сега како е можно тоа.

Пандов ги искоментира и натписи на Бранко Тричковски, посочувајќи дека Тони Михајловски добил условна казна само затоа што му вратил на фејсбук статус на Тричковски, додека пак Тричковски кој посакувал смрт за Груевски и Мицкоски, како што рече тој нема ништо, ни влакно од главата не му фали. Според него, ова е порака дека си на мета на Кацарска, Русковска и Спасовски доколку ги критикуваш политиките на Заев.

Затоа што Тони Михајловски му реплицирапе на оној како и да го наречеш Бранко Тричковски, бидејќи секој погрден збор малку е за него, година и пол се влечеше по обвинителството, по судство, адвокати, пари, време. На крај го осудија условно, но сепак го осудија. Бранко Тричковски го убиваше Груевски, го сечеше на парчиња Христијан Мицкоски, завчера читам како посакува да починел Мицкоски, и ништо, ни влакно од главата не му фали. Ете такво ни е судството сега. Но тоа не е случајно. Тоа е порака која што ти вели ако ти или јас го критикуваме вечерва Заев на мета сме им на Кацарска и Русковска, на Оливер Спасовски, рече Пандов.

Коронавирус