понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 174
home Вести

Пандов: Владата на СДСМ не се бори со криминалот и корупцијата, туку ги произведува

Пандов: Владата на СДСМ не се бори со криминалот и корупцијата, туку ги произведува

За многу скоро време опозицијата треба да излезе на улица и да направи во континуитет со протестите за да се види конечно нездоволството на народот. Оваа Влада не може да се остави на раат 100 дена, а и генерално не очекувам долго да трае, рече аналитичарот Александар Пандов на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“.

Според него ситуацијата во македонија тоне во сите области.

-Има тонење на секој план здравствен, економско-социјален… Единствено одиме нагоре со корупцијата. Ние сме сега во група на најкорумпирани земји. Каква Европска унија кој нас ќе не прими таму со ваква ситуација, со вакви корумпирани политичари, кажа Пандов.

Ова, посочи Пандов, е власт која не се бори со корупцијта и криминалот туку ги произведува.

-Дополнително сега имаме ситуација во која се покажува дека не можат да направат ништо, не можат да се соберат пратениците од владеачкото мнозинство, ќе заседавале онлајн. Како може да одат децата во училиште, да се оди на работа, а пратениците да заседаваат онлајн, рече Пандов.

Локални избори 2021