петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Ставовите на Бучковски се идентични како на Бојко Борисов и Захариева

Пандов: Ставовите на Бучковски се идентични како на Бојко Борисов и Захариева

Александар Пандов, вечерва на Само вистина во Канал 5 телевизија, истакна дека ставовите на Владо Бучковски и Заев се идентични како на Бојко Борисов и на Захариева.

Во однос на назначувањето на Владо Бучковски како специјален претставник со Бугарија, Пандов истакна дека Бучковски имал две пресуди кои „трас-трас“ судството на Заев го ослободува и поништува за да не лежи во затвор.

-Впрочем Бучковски по тврдење на Слободан Богоевски екс разузнавачот тврдеше дека за аферата Маѓар Телеком, од два ипол до десет милиони преку исплата на агенции дека тие пари се земеени како поткуп, па оттука оправдно е сомневањето,а и потврдено со судски пресуди е дека се работи за криминалец, истакна Пандов.
-Се сеќаваме како говореше Бучковски во време кога беше премиер, а и професор, сега Османи ќе го правда дури дека тоа бил професорот Бучковски, а не како специјален претставник, чии историски ставови се идентични како на Бојко Борисов и Захариева, вели Пандов.

Пандов критикуваше дека Бучковски има идентичност во ставовите со бугарските политичари како дека ние сме еден ист народ со бугарите, како и тоа дека постои и се говори на македонски јазик, но тоа е од 1944 година па наваму.

Мораме да напоменеме дека 7,000 евреи биле пратени во Треблинка од Македонија од таа администрација за која говори премиерот, напомена Пандов.

Бучковски е човек кој ги прифаќа ставовите на Заев, како професор можел да кажува секакво мислење и ставови, но сега како владин претставник чии ставови се дека македонската држава и нација постојат од 1944 и сите останати негаторски тврдења, со што јас не се согласувам, потенцира Пандов.

Најнови вести

Коронавирус