недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Според Бугарите и оваа власт, Гоце Делчев треба да е регионален револуционер, не бил македонски

Пандов: Според Бугарите и оваа власт, Гоце Делчев треба да е регионален револуционер, не бил македонски

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Пандов говореше тоа што владата сака да ја менува историјата по нарачките на Бугарија.

-Актуелната влада ниту еднаш не ги заштити граѓаните од бугарските реакции. Само изреагираа МАНУ, Институт за национална историја, Институтот „Крсте Петков Мисирков“ за македонски јазик, Филофоскиот факултет. Се направија дури и протести на студенти, според мене недоволно, Македонија има произведено доволно историчари, немам статистички точен број претпоставувам има ДЗС колку точно историчари има дипломирано. Дали е јасно дека ако такви промени настанат поготово сега тоа е во буквална смисла на зборот инжинеринг, истакна Пандов.

Пандов додаде дека срамно беше интервјуто каде што владејачка партија во Македонија вели дека Бугарите се ослободители, а не фашисти.

„Според Бугарите и оваа власт Гоце Делчев треба да е регионален револуционер, не бил македонски“, нагласи Пандов.

Пандов рече дека според новите учениви Гоце Делчев нема да е од Кукуш, туку од Килкис. Македонија дојде во ситуација со договорите на Заев Македонија веќе нема македонски театар, македонска операт и балет, македонска филхармонија.

„Според новите реформи за историја, во дадениот случај тоа што го бараата Бугарите, им текнало на Заев и Мила Царовска на мала врата сакаат да ја укинат на фински модел нели, пазете како лажат, како сакаат да ги укинат учебниците и да не вметнат се што им смета на Бугарите, на Грците“, појасни Пандов.

Пандов посочи дека поради Заев сега Македонија се губи, на секој поглед се губи.

Коронавирус