среда, 2. декември 2020. Вести денес: 195
home Вести

Пандов: СЈО беше дувло на расипништво во кое сите обвинители спротивно на законите ги трошеа парите на граѓаните

Пандов: СЈО беше дувло на расипништво во кое сите обвинители спротивно на законите ги трошеа парите на граѓаните

Аналитичарот Александар Пандов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 говореше за правосудниот систем во Република Македонија. Тој истакна дека Зоран Заев иако знаел за рекетот и натаму Катица Јанева му беше првиот избор за обвинител во новото обвинителство, за потоа да застане за Русковска која веќе другиот ден изјавува дека Зоран Заев го пријавил рекетот.

-Не и верувам на Русковска, ај што со Кацарска ги осуди уставобранителите меѓутоа ние имаме ваква ситуација. Сите знаеме сега веќе дека Зоран Заев бил информиран за рекетот кој бил правен врз Орце Камчев, он излегува во јавност и ја брани Катица Јанева до последно и во даден ден вели јас бев прв што го пријавив рекетот и Вилма Русковска сега е мојот предлог. Наредниот ден Русковска излегува и вели да Заев беше првиот кој го пријави рекетот. Каде е службената белешка не постои, рече Пандов.

За СЈО Пандов вели дека тоа било дувло на расипништво во кое сите обвинители спротивно на законите ги трошеле буџетските средства, парите на граѓаните.

-Тие биле дувло на расипништво, на крчмење на буџетски пари, па ние заборавивме ли дека сите обвинители од СЈО биле корумпирани со тоа што си земале буџетски пари бесправно. Ние не сме правници, но тие знаеле точно што прават. Пари и пари имаат земено, сите обвинители, сите вработени. Ние се уште понатаму говориме дека тие луѓе ќе ги терале обвиненијата на СЈО. Јас се сомневам дека тие обвинители кои ги воделе случаите досега треба да продолжат. Затоа што тие во моите очи се корумпирани луѓе.

Во врска со Рекет тој изрази низа на сомнежи дека во ваква состојба би имал правна разрешница. пртиоа споменувајќи ја Радмила Шекеринска која денот кога Јовановски зел рекет од милион евра била на гости во неговиот дом.

-Ние имаме ситуација во Рекет каде слушнавме имиња и имиња. Не е било која таа е министер за одбрана, потпретседател на Влада, заменик претседател во СДСМ, Радмила Шекеринска била чест гостин кај Боки 13. На вечера си одела за што правела муабет. Истата вечер кога се земени парите таа била таму.

Коронавирус