недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 74
home Вести

Пандов: Новите мерки на власта прават уште поголема поделба во општеството

Пандов: Новите мерки на власта прават уште поголема поделба во општеството

Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Жешко политичко лето“ во Канал 5 телевизија во врска со новите мерки на Владата за вакцинирањето истакна дека тие се чист фашизам затоа што не се почитува волјата на граѓаните кои одлучиле да не се вакцинираат, а истите ќе донесат уште поголема поделба во општеството.

-По мое длабоко уверување овие мерки ги делат луѓето на вакцинирани и невакцинирани, таму кадешто ќе можат едни да влезат ќе не можат други, иако јас сум вакциниран и сум поборник на вакцинацијата, но сум противник на луѓето кои одбираат да не се вакцинираат да им биде забрането движење или влезот некаде, посочи Пандов.

Тој вели дека власта не може со сила да им наметне на граѓаните дека мора да се вакцинираат, како и дека мора да се има разбирање кон оние луѓе кои одбираат да не се вакцинираат.

-Кампањата за вакцинирање треба да се движи, но поделбата на луѓето со новите мерки за Ковид пропусници и оние без пропусници е чист фашизам на власта и којшто ќе биде вовед за нови дејствувања на Владата онаму каде што може, како во полицијата и војската на почетокот да мораат да се вакцинираат, појасни Пандов.

Тој смета дека луѓето си имаат право да одберат и да не сакаат да се вакцинираат.

-Општеството мора тоа да го почитува, а ова е прв чекор кон општа поделба во општеството, смета Пандов и ги повика граѓаните кои не се согласуваат со овие мерки да се приклучат на протестот во недела.

Локални избори 2021