сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Пандов: Никој од членството на ВМРО-ДПМНЕ не бара оставка од Мицкоски

Пандов: Никој од членството на ВМРО-ДПМНЕ не бара оставка од Мицкоски

Во Македонија нема право и правда држава. Во моментот целиот судски систем и обвинителски е корумпиран и е ставен под капа на Зоран Заев. Не велам сите но има доволен на судии и обвинители кој што тој ги контролира и едноставно без негова дозвола таква работа не може да помине, вели аналитичарот Александар Пандов, во вечерашното го емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија за отфрлање на приговорите од страна на Управниот суд.

Во однос на барањата за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Пандов истакна дека такви барања на дел од поранешните функционери и пратеници кои што се исклучени од партијата се неумешни, додавајќи дека тој колку што следи политики до сега ниту еден од членовите или раководството на партијата немаат побарано оставка од Христијан Мицкоски.

Партијата, раководството, членовите, органите на партијата се тие кои што одлучуваат а јас како што следам не слушнав еден човек дека бара оставка од Мицкоски. Така да мислам дека таквите барања се крајно не умешни, рече Пандов.

Најнови вести

Коронавирус