сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 71
home Вести

Пандов: Нема да прифатиме македонските затвори да бидат полни со патриоти, а во исто време корумпирани криминалци да се шетаат по Мексико и Дубаи

Пандов: Нема да прифатиме македонските затвори да бидат полни со патриоти, а во исто време корумпирани криминалци да се шетаат по Мексико и Дубаи

Александар Пандов претседател на Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ денеска се обрати на протестот  пред КПУ, Казнено-поправен дом Штип.

Протестот се одржа под мотото „Собир за слободатa“, а Пандов посочи дека се собрание пред се да им искажат доверба и дадат поддршка на уставобранители.

-Сите истрпија на овие три, четири години на страховладеење на Зоран Заев. Меѓутоа, како што истрпија браќата кои што се тука затворени и низ македонските затвори, како што истрпија нивните роднини, родители, нивните сопруги и деца, никој друг верувам како што самиот јас, како и вие тука, страдаме заради затворот и ова злопатење кои што го имаат нашите браќа и по крв и по идеологија.Сакам да им порачам на нив дека не се заборавени. Не само што не се заборавени, тие за нас тука присутните, а верувам дека и во секој македонски дом денеска, се современите маченици во 21-иот век. Маченици кој е наш светол симбол, наши светилници, дека во најцрните времиња кога Македонија е поробена, постоеле и постојат македонски синови кои што застанале во нејзината одбрана. Браќата кои што се не само во Штипскиот, туку и во останатите македонски затвори, тие тоа го покажаа и во 2001-ва година и 2017-та година. Нивниот грев во што се состои. Во тоа што тие ја љубат и ја сакаат Република Македонија. Можеби нешто повеќе од нас останатите. Мене искрено ми е жал што не се наоѓам сега заедно со нив таму во затвор, бидејќи мислам дека многу полесно ќе го истрпев овој црн период на национално, на секакво понижување што ни го прави Зоран Заев, нагласи Пандов.

Тој посочи дека лицата се во затвор бидејќи, како што рече, пружиле отпор на заевите политики.

-Беа во право кога тврдеа дека ќе биде променет Уставот на Република Македонија, беа во право кога говореа дека Македонија ќе стане двојазична земја, веројатно како бонус ни на сон, ниту во најцрниот сон, ниту тие, ниту ние овде присутните не верувавме дека Зоран Заев ќе се дрзне до таму да не бугаризира, да брише македонската историја и да докажува заедно со неговите коалициони партнери Каракачанов и Захариева дека сме Бугари. Постоеле лоши времиња, меѓутоа во моментов сакам да кажам дека 400-тини до 500-тини македонски синови и ќерки, кои што се спротивставиле на Зоран Заев сега се под политички прогон. Толку луѓе се под обвиненија, по притвори и затвори. Тоа во едно најцрно време во минатото, сите сте слушнале за Стаљин – човек кој е симбол за диктатура, меѓутоа и во негово време потребни двајца сведоци за да биде некој осуден. А сега овие браќа наши, само на сведочење на еден, за воља на вистината професионален сведок, сега се наоѓаат во македонските затвори. Заев се надгради и неговиот правосуден систем, во последно време почнаа со белешки напишани од некој полицаец да пикаат луѓе по притвори и затвори. Не постои друга земја веројатно во светот, каде што за кубење на коса, па макар таа била и на Радмила Шекеринска, некој бил осуден на четири ипол години затвор. Дедо Панче за жал, три години и неколку месеци ги одлежа во затвор. Кога говориме за уставобранителите и ние тука надвор и тие што се внатре, тврдиме дека не бараме милостиња, не бараме ние милост од Заев, ние само бараме нов судски процес кој што ќе биде фер и во кој што правото ќе биде главно. Сигурен сум дека во таков судски процес нашите браќа ќе бидат слободни. Не само што ќе бидат слободни туку ќе бидат и величани во новата македонска историја како едни од најголемите херои. Дојдени сме тука да порачаме дека ние не можеме да прифатиме македонските затвори да бидат полни со патриоти, а во исто време корумпирани криминалци да се шетаат по Мексико и Дубаи. Каде го има тоа во светот. Пронаоѓачот Рашковски измислува софтвер и после истиот тој Рашковски во функција на генерален секретар на Заев да си го купува тој софтвер. Тоа постои само во Македонија браќа и сестри. Македонија е земјата за жал, која што нема ниту една вакцина набавена. Да не беше подарокот кој ни го дадоа Србите и оние 3000 од Русите, ние немаше да имаме ниту една вакцина. Но, што дознавме. Ние немаме вакцини затоа што апашите сакале и на нив да прават профит. И на вакцините сакале аванти да прават. Не сум слушнал да се плати кинеска вакцина повеќе од 30 долари. Заев и Филипче тргнале да ја плаќаат по 65 долари. Тоа е таа нивна желба за екстра профит, за воено профитерство кое не донесе до тоа да сме земја со најголем број починати и заразени. Затоа сакаме да им порачаме, дека новата власт на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери предводена од Христијан Мицкоски, нема да има милост за корумпирани криминалци. Сите тие ќе одговараат. Тие се тие криминалци кои треба да се најдат тука во затворите, а не нашите браќа. За на крај да му порачам на Заев, да го запомни денешниот ден. Денешниот 21-ви март 2021-во лето господово. Денеска започнува македонската пролет. И од денес македонските браќа и сестри и македонските синови и ќерки, ќе бидат по улиците по плоштадите низ Македонија. Се додека оваа тиранија не ја тргнеме од власт. Притоа, уште еднаш да порачам дека не можеме ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту било кој сами. Мораме сплотени сите и единствени, само така можеме да го победиме Зоран Заев. И тоа мора да се случи оваа година. Слобода за уставобранителите. Слобода за Македонија. Да живее ВМРО-ДПМНЕ. Да живее Република Македонија, нагласи Пандов.

Коронавирус