вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 127
home Вести

Пандов: На народот му дојдено преку глава, народот на вчерашниот протест најдиректно му покажa на Зоран Заев дека крајот му се ближи

Пандов: На народот му дојдено преку глава, народот на вчерашниот протест најдиректно му покажa на Зоран Заев дека крајот му се ближи

На народот му дојдено преку глава, народот на вчерашниот протест најдиректно му покажа и му докажа на Зоран Заев дека под број еден не се согласува со тоа дека патриотите се терористи, и под број два воопшто не се согласува со неговиот начин на владеење со сите криминали, со цела корупција која што ја имаме во моментов во Македонија“, истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Пандов додаде дека и покрај корона кризата која што при тоа на дневна основа ни починуваат по 30-40 луѓе, луѓето се одважија и се охрабрија и дојдоа на протестот пред Влада, а подоцна марширајќи дојдовме до Собранието каде што се прочита Декларацијата за слобода на уставобранитеите.

-Ова дефинитивно можеби не е крај, можеби не е ни почеток на крајот, но секако јас барем се надевам дека е крај на почетокот, појасни Пандов.

Пандов посочи дека ова е оваа фаза кај што се означува полека крајот на криминалното владеењена Зоран Заев.

-Огромно мнозинство на македонското население е уверено дека тие луѓе се неправедно осудени, дека веќе четврта година се во затвори, и дека тие се се само теорирти не се, рече Пандов.

ЕУРО 2020

Македонија