среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Пандов му најави контра-протест на Јанчев: Можеш и Вице да ни го донесеш, имаме што да ви кажеме

Пандов му најави контра-протест на Јанчев: Можеш и Вице да ни го донесеш, имаме што да ви кажеме

Александар Пандов, претседателот на новоформираниот Патриотски институт, му порача на градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, дека на најавениот протест во понеделник ќе донесе партиски членови во исто време и во исто место за време на протестот пред партиското седиште во Скопје.

Мите Лимунада ги повикал вработените во неговата Кожувчанка во понеделник на протест пред штабот на ВМРО, Христо Татарчев. Штета Мите, пред два дена бев во штабот на ОК Кавадрарци, знаеш и сам колку многу луѓе имаше, требаше да дојдеш да ги споделиш со нас твоите визии и цели околу ВМРО и Македонија. Така носи редот, од дома се почнува Мите!

Што е тука е, па еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе! Можеш и Вице да ни го донесеш. Ќе ве личи. А башка и на него имаме што да му кажеме. Таман вие после повторно заедно ќе си прославите. Ти текнува? Исто ко кога стана потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, напиша Пандов на Фејсбук.

Пандов потоа пишува: Или Мите можеби најдобро е да излеземе двајцата на дебата на било која телевизија и да поразговараме за ВМРО и Република Македонија? Одважи се, биди маж, та нели лидер на ВМРО сакаш да бидеш!

Коронавирус