сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 82
home Вести

Пандов: Јас сум Македонец и немам туѓо државјанство освен македонско, не им поминуваат нарачаните текстови на СДСМ, кои ги пишува Каракачанов

Пандов: Јас сум Македонец и немам туѓо државјанство освен македонско, не им поминуваат нарачаните текстови на СДСМ, кои ги пишува Каракачанов

Како нема да раѓа револт, природно е тоа чувство, ако некој ме напаѓа, ако некој ме навредува, природно е и човечки да се бранам. Во даденава ситуација вербално или со пишан збор, јас имав таква ситуација меѓудругите кога Каракачанов ме имаше пишано дека имам бугарски пасош. Мислам како и што да каже човек на тоа? Јас воопшто немам бугарско државјанство, немам никакво друго и ниту сум помислил на тоа, истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов при гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Пандов додаде дека ни на крај памет му било да вади друго државјанство или патна исправа. Тој има само македонско државјанство и тоа му е доволно.

„Со тој случај се докажа дека коалицијата Каракачанов – Шекеринска – Заев функционира добро, за тоа што во момент кога им горат ушите на нив од аферата „Чајна Ваксајнс“ ние имаме директен напад на 10-15 луѓе и тоа стриктно од ВМРО-ДПМНЕ. Значи што е тука? Тоа е директно нарачан текст од СДСМ, за да биде напишан тој текст“, појасни Пандов.

Тој посочи дека тој не очекуваше дека Османи или пак Димитров ќе ги одбранеше нападнатите граѓани од Каракачанов за бугарско државјанство. За жал како и за се останатото во државата граѓаните се оставени сами на себе да се бранат од невистини и лаги.

Коронавирус