четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пандемијата го прекина превозот на патници од Скопје со девет града во државава

Пандемијата го прекина превозот на патници од Скопје со девет града во државава

Пандемијата со Ковид-19 го намали за 95 проценти меѓуопштинскиот превоз на патници. Во целосен прекин се меѓуградските линии од Скопје кон уште девет града и обратно.

Инспекторите од Државниот инпекторат за транспорт во периодот од 27 минатиот месец до 3 месецов направиле 118 надзори за почитување на мерките.  Притоа е констатирано дека се во целосен прекин линиите Скопје – Охрид, Скопје – Битола, Скопје – Ресен, Скопје – Прилеп, Скопје – Пробиштип, Скопје – Кратово, Скопје – Крива Паланка, Скопје – Кочани, Скопје – Берово и обратно, информира на прес-конференција Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет.

Меѓународниот линиски превоз од почетокот на вонредната состојба е во целосен прекин.

Од направените контроли на повеќе автобуски станици во државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50 проценти намален капацитет, односно за преполовен број на патници.

Воедно е констатирано дека товарниот сообраќај се одвива без ограничување

Коронавирус