четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Панчевски со неодземен имунитет го судат за АКМИС-от, а никој не истражува како сите случаи битни за СДСМ се „паднаа“ кај една негова колешка?

Панчевски со неодземен имунитет го судат за АКМИС-от, а никој не истражува како сите случаи битни за СДСМ се „паднаа“ кај една негова колешка?

Во Судот во Велес денеска почна, според познавачите – политичкиот процес за поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, кој наводно го злоупотребувал АКМИСОТ, систем кој по промената на власта, „случајно“ и ги додели сите чувствителни случаи за СДСМ и Заев на неговата колешка Добрила Кацарска.

За ова никој не истражува, ниту органите, ниту „истражувачките“ новинари, затоа што ова е веројатно, дел од „новата нормалност“ на Заев и ТРАС-ТРАС судството и обвинителството, толкуваат познавачите на ресорот за Курир.

Неговите адвокати побараа од судечкиот совет да му се укине притворот, бидејќи судијата Панчевски има имунитет.

Панчевски преку адвокатот реагираше пред судијката Валентина Ѓорѓиевска во Основниот суд Велес дека нема услови да се одржи денешното рочиште, бидејќи се уште нема добиено решение од одлуката на Врховниот суд за неговото разрешување.

„Панчевски се уште е судија, има судиски имунитет и не може да е во притвор без Судскиот совет да му го симне имунитетот“, кажа адвокатот.

Тој самиот се пријави во Шутка. На Панчевски му беше одреден притворена 15 јули по наредба на оваа судијка, зашто таа не наводно можела  да го натера да ги прими судските покани, т.е. да го донесе на закажаните рочишта. Обвинет е за  наводни злоупотреби со електронскиот систем на распределба на судски предмети (АКМИС), за време на неговиот мандат како претседател. Според обвинението, дел од предметите, место да ги пушти во АКМИС-от да бидат распределени по електронски пат по случаен избор, тој ги давал на рака на подобни судии. Во исто време, никој не прашува како тој ист АКМИС „случајно“ и ги „додели“ сите чувствителни случаи за владата на Заев и СДСМ на Добила Кацарска, која потоа драконски ги осуди обвинетите од спротивниот политички табор, а го ослободи Заев од случајот „Поткуп“ за кој целата јавност виде како тој јасно и гласно бара поткуп од струмички бизнисмен, случајот познат како „евро за Вицето“..

Судскиот совет Панчевски од функцијата судија го разреши во декември, лани.

 

Коронавирус