четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Панчевски со изјава по кривичната пријава против Јанева: СЈО со своето незаконито работење треба да излезе пред лицето на правдата

Панчевски со изјава по кривичната пријава против Јанева: СЈО со своето незаконито работење треба да излезе пред лицето на правдата

Владимир Панчевски, експретседателот на Основниот суд Скопје 1, денеска во Скопското обвинителство два часа даваше изјава по кривичната пријава, што тој ја поднесе против специјалната обвинителка Катица Јанева, во врска со претресот што Специјалното јавно обвинителство го изврши во неговиот дом летоска. До ваквиот епилог дојде откако обвинтелката Ленче Ристовска и неколку истражители вршеа претрес во неговиот дом, а притоа беа снимени од неговата домашна видеокамера. Панчевски тие снимки веднаш ги објави во јавност.

Од она што тој им го кажа на новинарите Панчевски рече дека целата оваа процедура е во предистражна постапка и сите докази кои што тој ги поседувал се предадени на обвинителството. Тој тврди дека целата постапка е незаконска и дека се почнува од наредбата за претрес која е издадена од судијката Злата Попова од гевгелискиот суд, каде што Јанева ја почнала кариерата како стручен соработник, а потоа и обвинител.

-Ова е голем предизвик за основното јавно обвинителство за да се спроведе законот во Република Македонија конечно специјалното обвинителство со своето незаконито работење да излезе пред лицето на правдата и на некаков начин да се утврдат сите тие незаконитости во некоја судска постапка, рече Панчевски.

Во моментот на претресот јавноста можеше да се увери како еден од обвинителите на СЈО му го зема клучот од домот на Панчевски, без притоа да биде предмет на истражна постапка што предизвика големи сомнежи во врска со мотивот на таквото незаконско одземање.

Најнови вести

Коронавирус