недела, 20. септември 2020. Вести денес: 79
home Вести

Панама заигра во дворот на СДСМ, панамски сметки за криминалот  на прорускиот партнер на Заев, Дака

Панама заигра во дворот на СДСМ, панамски сметки за криминалот  на прорускиот партнер на Заев, Дака

Недела дена откако потпретседателот на опозицската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави за усвојувањето на ДУП за ШИК „Јелак” Тетово со кој се предвидува урбана џунгла во градот со нови 2.000 станови за 8.000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра, тој продолжува со изнесување на нови сознанија за проектот зад кој стои контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. 

Според сознанијата на Николоски и документите кои што ги приложи, сопственик на поранешниот гигант ШИК „Јелак” е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата “Јелак Градба”.

„На просторот на ШИК „Јелак” крими-коалицијата СДСМ-ДУИ донесе детален урбанистички план еден ден по изборот на Владата кој му носи потенцијален профит од 200 милиони евра на инвеститорот. Во “Јелак Градба” управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата “Адастра груп Корп” која е регистрирана во даночниот и оф шор рај Панама.

Преку јавно достапните податоци кои лесно може да се најдат со мало пребарување на интернет може да се види дека сопственик на оф шор компанијата “Адастра груп Корп” во Панама е Миодраг Дака Давидовиќ‘‘, вели Николоски.
Познато е во јавноста дека овие оф шор компании се користат за сомнителни трансакции, за внесување на капитал од сомнително потекло, како и за нагло изнесување капитал на непознати дестинации. Исто така е познато после големата афера “Панама Пејперс” дека оф шор дестинацијата во Панама била омилено место на бизнисмени со сомнителен капитал најчесто стекнуван на просторите на поранешниот источен блок.

„Панама е омилено место на бизнисмени кои не мислат дека иднината на регионот на Балканот е во европската и евроатланската интеграција, а еден од нив е и Дака Давидовиќ на кого двоецот Заев и Ахмети му подарија вака огромен бизнис. Се отвара прашањето дали надлежните институции во Македонија го провериле изворот на средства кои влегуваат во фирмата на Дака Давидовиќ преку неговата оф шор фирма во Панама, кој е изворот на тие средства, како се стекнати? Исто така легитимно прашање е како и за што ќе се користат средствата кои ќе се заработат од ДУПот во Тетово? Дали ќе бидат испумпувани кон Панама и каде потоа ќе завршат? Поставувам прашање дали надлежните институции во Македонија го провериле работењето и може да гарантираат за работотата на фирмата “Јелак Градба” чии сопственик е “Адастра груп Корп” од Панама?, праша Николоски.

Во продолжение на аферата за ШИК „Јелак” Тетово Николовски го отвара прашањето дали пари од нелегални дејствија на Дака Давидовиќ од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина преку фирмата на Дака Давидовиќ во Панама влегувале и влегуваат во Македонија со цел да се оформи  ШИК „Јелак” Тетово.

Николоски го повика премиерот Зоран Заев, Али Ахмети, градоначалничката Теута Арифи и целата СДСМ и ДУИ да не бегаат и јавно да дадат одговор за аферата ШИК „Јелак” Тетово.
„Ова се прашања на кои што ниту Зоран Заев ниту Али Ахмети не дадоа оговор, тие бегаат од одговор, како што бега и Теута Арифи градоначалничката на Тетово, како што бега и министерот за транспорт и врски, поранешен и сегашен и целата СДСМ и ДУИ елита. И ја потсетувам јавноста дека за сето ова  слушнавме во нелегално снимени разговори пред изборите во кои што јасно беше посочено дека ова ќе се случи а за возврат требаше власта да добие 2000 метри квадратни земјишт, 300 000 евра исплатени и уште 2 милиони евра дополнително‘‘, вели Николоски

Според Николоски спорен е и начинот на кој  Владата на Зоран Заев на три седници во декември 2018 година, јануари и февруари 2019 година го продава остатокот од Шик Јелак на Дака Давидовиќ со таканаречено подавање преку нотар, односно постапката не одела на јавна лицитација за да се пријават и други субјекти туку понудата е директно и по почетна цена на Дака Давидовиќ.

„Шик Јелак е голем гигант кој што отиде во стечај, контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ  решил да го купи Шик Јелак а Владата на Заев на три седници  во декември 2018 Јануари и фебруари 2019 го продава остатокот од Шик Јелак на Дака Давидовиќ како би овозможил да се стекне со земјиштето под Шик Јелак, што значи дека земјиштето е купувано во Владите на Зоран Заев“, вели Николоски.

Според Николоски спорно е и повластувањето на инвеститорот, односно се работи за кривичното дело повластување на инвеститори, кога еден инвеститор ја има информацијата а другите инвеститори ја немаат информацијата.

Коронавирус