среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 5
home Вести

Палмер: Македонија има силна поддршка од САД

Палмер: Македонија има силна поддршка од САД

САД ќе продолжи со силната поддршка на Македонија за членството во НАТО, кое веќе е извесно и е само прашање на време, но и за незиниот евроинтергациски пат, порача денеска специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер при посетата на нашата држава

„ Доаѓам веднаш по ратификацијата на протоколот за НАТО членство од американскиот Сенат. Ова е најповолно време да се биде тука, исто така, по неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео. Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната американска поддршка за Северна Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива“, речеПалмер.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пак кажа дека треба да бидеме упорни и да ги решиме сите клучни барања и сулови како Законот за јавно обвинителство.

„ Зборувавме за извесното членство во НАТО и за тоа колку е важно да се отвори европското поглавје, за македонските интереси и за интересите на Вашингтон. Еднаш паднавме во замката на жртвата и разочарувањето во 2008 година и мислам дека нема тоа далеку да не одведе доколку пак паднеме. Треба да бидеме упорни и да го тргнеме и последното оправдување, тоа е законот за Јавното обвинителство. Да излеземе уште поподготвени и поупорнии да најдеме начин како заеднички да се остварат и нашите интереси и оние на земјите-членки. Ова е дел од Европа и не може Европа да остане успешна и цврста ако регионот остане ранлив“, рече министерот Димитров по средбата.

На средбата со вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска, се разговарало околу членството во НАТО кое наскоро ќе биде потврдено.

„ Ратификацијата во Сенатот на САД и посетата на американскиот државен секретар Помпео се силен доказ за стратешкото партнерство и поддршката од САД за Северна Македонија. Недонесувањето на одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори не ја менува нашата одлука – да работиме на остварувањето на нашите стратешки цели – членството во Европската Унија и НАТО“, рече министерката Шекеринска, по средбата.

Шеќеринска и Палмер заклучиле дека дека соработката во одбраната меѓу Македонија и САД е на највисоко ниво и со членството на нашата држава во НАТО таа ќе се зајакнува.

По Македонија, високито претставник на САД ќе ги посети Србија, Косово и Грција.

 

Коронавирус