недела, 9. мај 2021. Вести денес: 120
home Вести

Пакетчиња од Дедо Мраз за децата на припадниците на АРМ (ФОТО)

Пакетчиња од Дедо Мраз за децата на припадниците на АРМ (ФОТО)

Транспортен хеликоптер МИ-8/18, од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија пред преполната платформа на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе „Дедо Мраз“.

-По атрактивниот прелет и пристигнување, најомилениот новогодишен лик кај најмладите, подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на  вработени во оваа бригада и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана, информираат од Генералштабот на АРМ.

Оваа традиционална предновогодишна манифестација во организација на припадниците на воздухопловната бригада  оваа година беше збогатена и со настап на денс студио „Мак“ од Куманово и кулурно уметничкото друштво „Гоце Марковски“ од Скопје.

Коронавирус