вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Пак ќе има поткуп и уцени на изборите и пак меѓународнатта заедница нема да реагираа затоа што не сме во фокусот, ама сами да си ја сработиме домашната и да ја турнеме владата“

„Пак ќе има поткуп и уцени на изборите и пак меѓународнатта заедница нема да реагираа затоа што не сме во фокусот, ама сами да си ја сработиме домашната и да ја турнеме владата“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки во гостувањето во „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека владата на СДСМ и за локалните избори повторно ќе настапи со поткуп, уцени и заани, а меѓународната заедница нема да реагира затоа што не сме и во фокусоот. Додава дека затоа е важно самите да си ја сработиме домашната работа за да се турне оваа влада.

– Уште сега кажувам на година дена пред локалните дека тогаш пак ќе има картички, притисоци, закани, уцени и пак ќе молчи меѓународна заедница. Ајде дома да сии ја завршиме работата, сами да си ја напишеме домашната задача да не чекаме друг да ни ја напише. Срамота е ова што се случува. Аспирант земја кандидат за членство во Европската Унија сме 111 место по корупција, не можеме да се споредуваме со Лесото и Сао Томе и Принсипе. Затоа нас ни е потребна општествена и јавна поддршка. Сите си ги гледаат своите интереси, не ги интересира колку ќе не покрадат со провизии, потенцира Мицкоски.

Во однос на ДИК и новиот претседател Даштевски кој е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека тој сам не спроведува избори туку МВР, министерство за правда, членови на Државната изборна комисија каде владата има мнозинство.

– Прашајте до каде е набавката за фингерпритн терминалите и дали има средства за тоа. Да не биде дека не можеме да ситигнеме со набавката, а е законска одредба. Да не биде дека опозицијата ги проблематизира тие избори. Ќе го кршат законот? Не 111 догодина 133 место ќе бидеме на Транспаренси. Еве погледнете на Heritage сме 41 место, а бевме 33. Една од забелешките е затоа што владата трошела јавни финансии за социјални трансфери каде постои сомнеж за корупција, нагласи Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија