недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 53
home Вести

Паднаа во вода тврдењата на Заев дека сме немале вакцини од исток поради тоа што сме членка на НАТО, требало да се побараат!

Паднаа во вода тврдењата на Заев дека сме немале вакцини од исток поради тоа што сме членка на НАТО, требало да се побараат!

„Имаме непријатно чувство затоа што целиот Западен Балкан каска, освен Србија која што нема аспирации за НАТО и нормално е повеќе отворена према Источниот свет Кина и Русија и ги прави своите договори. А, ние сме нова земја членка на НАТО генерално се држиме кон Западниот свет и вакцините кои што се од Западните здравствени и сите институции потврдени и слично“, нагласи пред неколку дена Зоран Заев при своето интервју за „Трилинг“.

Заев ја обвини и Фајзер дека е виновна зошто Македонија се уште нема вакцини.

„Се фалираше односно не се исполнија очекувањата на произведени количини од Фајзер. Така да земјите кои што треба да добијат во просек не знам 100 единици добија 12-13 единици односно 12-13% во првиот турнус, во вториот исто така се намалени количинит. И мене ми е разбирливо зошто премиерите и претседателите на државите не мпжат и од тие мали количини да споделат онака како што беше замислено“, рече Заев.

А како би добиле кога не сме ни побарале? Македонија немала воопшто побарано за своите граѓани од вакцините кои Заев ги зборуваше. Затоа ниту државата ни ја имаше на листа, ниту добивме вакцини досега, ниту почна вакцинација.

И додека цел свет се вакцинира, Македонија уште чека власта да се договори и да “разгледа“ од каде да ни дојдат вакцините. Фактот што премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче си ги менуваат изјавите секој ден, влева уште поголема недоверба и страв кај македонските граѓани.

Како да купуваат нешто од обична продавница, па допрва разгледуваат!

Здравствените власти во земјава сериозно ја разгледуваат можноста за набавка на вакцините против ковид-19 на кинеските производители „Синовак“ и „Синофарм“, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Со помош на кинеската амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини.

-Чекаме детали во однос на договорот, цената и испораката и верувам дека до крајот на оваа недела сите овие детали ќе ги имаме. Сега не би сакал да зборувам за рокови, меѓутоа, суштината е во тоа што очигледно е дека производителите кои први успеаја да излезат на пазарот, а тоа е „Фајзер“, на пример, имаат проблем со капацитетот. Повеќе европски земји најавуваат и тужби поради неисполнување на договорите, Хрватска го прекинува процесот на имунизација и тоа е нешто што не тера да работиме буквално на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизација, секако, со сите овие безбедни вакцини, вели Филипче.

Според него, проблем не би требало да претставува тоа што кинеските вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови.

Сепак, вели дека земјава не се откажува од планираните дози преку Ковакс-механизмот, за што е најавен состанок в петок на кој треба да се прецизира кога и колкава количина вакцини ќе дојдат во земјите кои аплицираа преку овој механизам. Се чека и одговор на „Фајзер“ во делот на деталите од договорот и дозвола за количините кои треба да пристигнат од Србија.

Најавата за можно набавување на вакцини од Кина доаѓа во услови на доцнење на испораката на вакцините на „Фајзер“ и на другите западни производители, за што некои држави членки на ЕУ најавија и судски спорови. Филипче вели дека се обидуваат да обезбедат количини од сите производители за кога ќе започне процесот на имунизација да нема пауза.

Коронавирус