сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Падна првиот снег во Македонија

Падна првиот снег во Македонија

Планината Кораб, со највисокиот врв во нашата држава, Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина, утрово ја обеле првиот снег.

Снегот пристигна по дводневните интензивни врнежи од дожд, проследен со ветер а во текот на ноќта и урово и со ниски температури,кои беа присутни во овој најзападен дел на Северна Македонија.

Поради врнежите на патните правци Дебар-Маврово и Деба-Струга има појава на помал одрони од камен и земја, за што се препорачува внимателно возење.

„Има помали одрони на камен и земја, нашите екипи кои се постојано на терен веднаш ги отстрануваат. Дополнително и поради влажните коловози се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од дебарската секција на „Македонија пат“.

Посебна внимателност се препорачува на делницата Дебар-Жровница по клисурата на реката Радика, на патот кон Маврово, каде вообичаено одроните се најчести.

Коронавирус