сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Пад на новородени деца- На што се должи!?

Пад на новородени деца- На што се должи!?

Според информациите на Државен завод за статистика се забележува пад на новородени деца. Скоро сите овие години стапка на наталитетот се движи околу 11% на живородени на 1.000 жители.

Најголема стапка на наталитет се забележува 2010 година кога изнесува дури 11,8% на живородени на 1.000 жители. А, за жал најмалата стапка за новородени деца се забележува минатата година за 2017 година стапката за наталитет изнесува фрапантни 10.5% на живородени на 1.000 жители.

За намалената стапка на новородени деца дека се намалила во 2017 година сведочат и интерните податоци од болниците.

Имено во болницата во Битола во 2017 година изнесува 900 деца, а пак во 2018 година за нијанса има зголемување за 50-тина новороденчиња.

Додека пак во Штип 2016 година имало 1.020 новородени деца, во 2017 година 920, а пак 2018 бројот на новородени деца не достигнува ниту 900.

Зошто падот на новородени деца се повеќе паѓа и на што се должи сето тоа, одговорот на овие прашања е едноставен и се должи на нестабилна економија во државата, преголемата невработеност и се повеќе зголемување на иселувања на младите кои се во потрага на подобри услови за живеење.

Коронавирус