четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 177
home Вести

Пациентката од Тетово не дочека да се оперира на неврохирургија – почина од компликации на коронавирусот, кој го доби во болница

Пациентката од Тетово не дочека да се оперира на неврохирургија – почина од компликации на коронавирусот, кој го доби во болница

Пациентката од Тетово која требаше да се оперира од тумор на мозок, но,на неврохирургија одбиваа да и направат операција ,почина од компликации на коронавирусот, со кој се зарази во болница.Семејството е крајно разочарано од негрижата и непрофесионалноста.Ја однесовме да ја излечиме, ја вративме почината,вели синот Жарко. Две недели упорно се обидувале да стапат во контакт со болницата за да дознаат за состојбата на неговата мајка, но залудно.Единствениот повик што го добиле, бил само за да им соопштат дека починала.Се сомневаат дека не добивала соодветна грижа, пренесува Алфа.мк

Вртено е од повеќе броеви, многу пати, никој не се јавуваше, да ни каже како се третира жената,како е, што е.. она беше неподвижна, полусвесна, она не можеше сама да се храни, вода да пие..Немавме никаква информација.Јас ја однесов да се излечи, а не да добие уште една болест која за нејзе беше фатална-Жарко Трајковски- син на починатата.

Целиот текст може да го прочитате на АЛФА.

Коронавирус