вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Вести

Пациентите од Ревматологија немаат клучни лекови и терапии, министерот Филипче се уште не ја добил заслужената „метла“ од Заев

Пациентите од Ревматологија немаат клучни лекови и терапии, министерот Филипче се уште не ја добил заслужената „метла“ од Заев

До редакцијата на КУРИР се пожалија пациенти од клиниката Ревматологија кои велат дека во моментов ги немаат клучните лекови за ревматоиден артитис и тоа „Plaquenil“, „Aravа“ и „Metotrexat“.

Пациентите се снаоѓаат кој како стигне иако тоа не е нивна обврска, додека Министерството на чело со министерот Венко Филипче мува не го лази.

Тие носат лекови од странство, додека кој нема услови за тоа не пие лекови, велат дел од пациентите кои ни се обратија.

Ова е уште еден доказ за неспособноста на Венко Филипче иако тој нема да биде реконструиран како дел од „Метлата“ на Заев.

Според Заев тој се покажал многу успешен, но јавноста прашува дали како министерот за земјоделие? Или пак Заев носи се уште розови очила за сонце кога е во прашање здравството во Македонија?