понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Пациенти умираат, Филипче мува не го лази

Пациенти умираат, Филипче мува не го лази

Низа смртни случаи низ клиниките ја потресоа македонската јавност изминатиов период. Најнов е случајот во кој докторот не му дава антикоагулант на пациент опериран од колено, се откачува тромб и лицето умира.

Преоптеретеност на докторите, немање на услови за работа, но главно лош менаџмент со здравствените установи се причините за вакви случувања, коментираат упатените по последнииот случај.

Истите извори делат дека за менаџменот несомнено е потребно да одговара министерот за здравство, Венко Филипче.

Граѓаните гневни се прашуваат „што прави Филипче во министерската фотеља кога му умираат пациенти“.

На социјалните мрежи беше обелоденето пак дека дечко на возраст на 33 години од Битола при скијање си го повредува коленото, направен е хируршки зафат, бил пуштен на домашно лекување.

Но поради лекарска негрижа не му бил даден антикоагулант или конкретно Клексан, при што дечкото умира. Тој остава две деца сирачиња, од кои најмалото дете е петмесечно бебе.

 

Коронавирус