недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

Пациент во Бардовци починал откако паднал по скали, неговиот брат се сомнева дека бил претепан до смрт

Пациент во Бардовци починал откако паднал по скали, неговиот брат се сомнева дека бил претепан до смрт

Пад по скали во психијатриската болница Бардовци, бил фатален за 58 годишниот Владо Ристески кој таму бил цели 20 години.

Како што пренесува „Телма“, неговиот брат Слободан добил повик дека Владо е тешко повреден и со Брза помош пренесен во Градската општа болница 8ми септември, но се сомнева дека некој го турнал по скалите. Тој бил ставен на апарати за дишење, а по неколку дена на 24. април починал.

Од психијатриската болница Бардовци тврдат дека Ристевски не бил нападнат, туку паднал сам по скалите и дека се превземени сите мерки.

Без обдукција семејството на починатиот има основа за сомнеж па затоа смртта на Владо ја пријавиле и во полиција.